Пионерскиот тим на РК Гемиџии вечерва ќе го има своето прво претставување пред домашната публика, со надеж дека ќе ја забележи и првата победа во новата натпреварувачка сезона.
По двата воведни порази од екипите на Куманово и Македонија Ѓорче Петров, младите ракометари од Велес се мотивирани да прикажат подобра игра и да ги израдуваат своите навивачи. Противник ќе им биде составот на Младост од Богданци, кој доаѓа во Велес со свои амбиции.
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“, со почеток во 20 часот и 30 минути. Од клубот ги повикуваат сите љубители на ракометот да дојдат и да им дадат поддршка од трибините, што ќе биде дополнителен поттик за велешките ракометни надежи да го дадат максимумот на теренот.