Киро Нацков победник во прв круг во општина Градско

Кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ  и актуелен градоначалник Киро Нацков, е победник на локалните избори во општина Градско, каде што обезбеди убедлива победа уште во првиот круг, покажуваат официјалните податоци од Државната изборна комисија.

Нацков освои 1.250 гласа, односно 71,92%, додека кандидатот на СДСМ, Драгослав Симоновиќ, доби 402 гласа или 23,13%. Третата кандидатура, од Бошњачкиот демократски сојуз, доби 88 гласа, односно 5,06%.

Agria

Со ваков резултат, Нацков обезбедува нов градоначалнички мандат уште во првиот круг, со највисок процент на поддршка меѓу општините во регионот.

Во изборите за Совет на општина Градско, коалицијата ВМРО-ДПМНЕ освои 7 советнички мандати, што ѝ обезбедува апсолутно мнозинство.
СДСМ ќе има 2 советници, додека Бошњачкиот демократски сојуз не успеа да освои мандат.

Овие резултати значат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја има целосната контрола врз локалната власт во Градско, со градоначалник и мнозинство во Советот, што создава услови за стабилно управување и континуитет на локалните проекти во следните четири години.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: