Минималните месечни трошоци за живот на едно четиричлено семејство се зголемени за 467 денари во октомври, покажуваат најновите податоци на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според ССМ, синдикалната минимална кошница за минатиот месец изнесува 65.544 денари, додека во септември таа била 65.077 денари.
Најголем пораст е забележан кај трошоците за храна и пијалоци, кои во октомври достигнале 23.772 денари – зголемување од 378 денари во однос на септември. Дополнително, доколку се земе предвид и изнајмување стан со површина од 60 квадратни метри, вкупната вредност на минималната синдикална кошница се искачува на 80.919 денари.
ССМ редовно ја објавува вредноста на синдикалната кошница со цел да укаже на реалните трошоци со кои се соочуваат македонските семејства.