Ракометните пионери на Гемиџии со надеж за успех пред домашната публика

Ракометните пионери на Гемиџии ќе се обидат да стигнат до првиот триумф во новата сезона, кога во рамките на 6. коло од пионерската ракометна лига ќе се сретнат со екипата на Тиквеш. Натпреварот ќе се одигра во сабота во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“ во Велес, со почеток од 13 часот.

Младите велешки ракометари во минатото коло беа блиску до победа во Радовиш, но поради недоволно искуство не успеаја да го задржат водството до крај. Сепак, нивната сè подобра игра внесува оптимизам дека позитивните резултати се блиску.

Agria

Со поддршката од домашната публика, пионерите на Гемиџии ќе имаат нова шанса да ги претворат добрите игри во конкретен резултат и да ја запишат првата победа во сезоната. Натпреварот ќе го судат Пепи Димков од Велес и Стафан Кузмановски од Куманово.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: