(ВИДЕО) Борец 1919 сигурен против Башкими, нови три бода за велешани

Во рамки на 7. коло од Третата фудбалска лига – Југ, екипата на Борец 1919 рутински го совлада тимот на Башкими од Горно Јаболчиште со убедливи 3:0. Гостите пристигнаа во Велес со цел да извлечат бод, но не успеаја да му парираат на лидерот на табелата.

Иако домаќините беа без вистинска реализација во текот на првото полувреме, во вториот дел ја оправдаа улогата на фаворит. Сериијата голови ја отвори Дејан Стефановски во 61. минута, а само четири минути подоцна Илхан Имеров го зголеми водството на 2:0. Коначниот резултат го постави Милан Чичевски од пенал во 76. минута.

Agria

https://www.youtube.com/watch?v=VLf8F51U9XQ

Со оваа победа, Борец 1919 ја продолжува победничката серија и останува на врвот на табелата со максимални 18 освоени бодови, потврдувајќи дека е главен фаворит за промоција во повисок ранг.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: