Осомничен за убиството кај Чашка – ОЈО Велес отвори истрага и бара притвор

policija veles

Основното јавно обвинителство Велес отвори истрага против едно лице, осомничено дека заедно со друг, сè уште неидентификуван соизвршител, учествувало во убиството на велешанецот Ѓело Ѓошев. Настанот се случил на 5 ноември, на локалитетот Поројница, покрај земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци.

Според обвинителството, осомничениот најпрво го намамил Ѓошев и со својот автомобил го однел на локацијата. Таму, заедно со второто лице, пукале кон него со огнено оружје. Жртвата добила прострелна рана во черепот, од која починалa на лице место.

Agria

Истражните органи утврдиле дека осомничениот и претходно бил сторител на разбојништво, а дел од веќе прибраните докази упатуваат дека по убиството се обидел да ги прикрие трагите и да влијае врз понатамошната постапка. Затоа, јавниот обвинител оценил дека постои опасност осомничениот да избега, да врши притисок врз сведоци или да го повтори делото, па до судот доставил предлог за определување притвор.

МВР, по наредба на обвинителството, продолжува со интензивна потрага по вториот соизвршител и работи на утврдување на точните мотиви за убиството.

 


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: