Младите надежи на РК Гемиџии утре ќе ја имаат можноста да ја забележат првата победа во Пионерската ракометна лига. Во натпревар од редовното коло, велешани ќе ја пречекаат екипата на Шампион од Скопје, која важи за објективно послаб противник.
Дуелот ќе се одигра во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, со почеток од 10 часот наутро. Овој меч претставува одлична шанса за младите ракометари на Гемиџии да се приближат до местата што водат во плеј-офот на лигата.
Судиии на натпреварот ќе бидат Пепи Димков од Велес и Иван Јованов од Радовиш. Тимот на Гемиџии се надева дека со поддршка од домашната публика ќе успее да го потврди добриот ритам и да ја продолжи победничката серија на домашен терен.


















