На 14 ноември 2025 година, околу 08:12 часот, на улицата „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 24-годишниот С.Ј. од Велес.
При редовна контрола на сообраќајот со радарска опрема, било утврдено дека тој управувал патничко возило „БМВ“ со велешки регистарски таблички со неверојатни 109 километри на час, иако максимално дозволената брзина во овој дел од градот е ограничена на 40 километри на час.
Поради драстичното пречекорување на брзината, возачот бил веднаш запрен и приведен во полициска станица за понатамошна постапка. Полцијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат ограничувањата и да возат одговорно, со цел зголемување на безбедноста на улиците во Велес.

















