Борец Баскет му го нанесе првиот пораз на Бутел

Борец Баскет врза две победи по ред и во возбудлив дуел на домашен терен го совлада досега непоразениот тим на Бутел со 93:83. Во одлична атмосфера во салата „Гемиџии“, пред голема и гласна поддршка од велешката публика, велешани ја запишаа една од најзначајните победи сезонава.

Гостите подобро го отворија натпреварот и ја добија првата четвртина, но Борец со сигурна игра и агресивна одбрана целосно го презеде водството во средината на мечот. Во третата четвртина следеше краток прекин поради технички проблеми, но паузата не ги измести велешани, кои продолжија во силно темпо.

Agria

Бутел се обиде да се врати и ја доби последната четвртина, но тоа не беше доволно да ја загрози заслужената победа на Борец Баскет.

Најефикасен на натпреварот беше новото американско засилување Дерек Елис Јуниор, кој блескаше со 25 постигнати поени. Двоцифрени беа и Карталовик, Сапроновски и Трпески, кои придонесоа со по 10 поени секој.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: