Реклама

Македонија урива рекорди, нови 175 заразени

Infektivna klinika Skopje naslovna

Нови 175 заразени со коронавирус се регистрирани во земјава во последните 24 часа. Од нив 131 се од Скопје. Во истиот период пет пациенти починале како резултат на коронавирусот. Новите 175 случаи се откриени од направените 971 тест, објави Министерството за здравство.

Zito akcija 640x289px

По градови, ситуацијата изгледа вака:

Agria
  • Скопје 131
  • Куманово 24
  • Штип 2
  • Прилеп 2
  • Тетово 5
  • Струга 2
  • Велес 4
  • Охрид 1
  • Гостивар 2
  • Свети Николе 2

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72г). Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје- пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) примен на 8 јуни и пациент (59г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г) примен на 30 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти.

  • Скопје 12
  • Штип 1
  • Тетово 3
  • Велес 2

Досега во земјата се направени вкупно 40004 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687.

Поврзани вести: