Минута молчење како потсетување на оние кои починаа од коронавирусот, ќе се одржи пред првите натпревари по рестартирањето на англиската фудбалска Премиер лига. Оддавањето ќе се случи пред отворањето на двата натпревари на 17 јуни и првата целосна рунда следниот викенд.
Значки во облик на срце во чест на персоналот на NHS (националниот медицински персонал) ќе се носат на дресовите. Клубовите се согласија на низа медицински и оперативни протоколи за рестартирање на сезоната на состанокот во четвртокот.
Има строги ограничувања за оние на кои што ќе им биде дозволено влез на стадионите во рамките на средбите и стадионите ќе бидат поделени во зони, вклучувајќи го и тунелот и теренот.
Ќе има детално чистење на корнер знамињата, стативите од головите и топките за игра пред и по секое коло. Медицинските протоколи предвидуваат како екипите и тренерскиот персонал мора да патуваат помеѓу секој натпревар, држејки го пропишаното растојание.
Премиер лигата е суспендирана од 13 март поради пандемијата. Распоредот за натпреварите за првите три кола беше потврден во петокот, при што 33 од преостанатите 92 натпревари треба да бидат прикажани бесплатно.
Лигата ќе продолжи во среда кога Астон Вила е домаќин на Шефилд Јунајтед од 19:00 часот, со Манчестер Сити – Арсенал од 21:15 часот. Екипите се вратија на целосен тренинг кон крајот на мај. Во последното тестирање на клубовите во Премиер лигата, само едно лице беше позитивно на Ковид-19.