Реклама

Чулев реагира зошто Пендаровски не се консултирал и со него за вонредната состојба

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев реагираше зошто претседателот на државата Стево Пендаровски не се консултирал и со него пред да одлучи дека нема да прогласи вонредна состојба, а тоа го сторил со Министерот за здравство Венко Филипче, бидејќи како што вели тој раководи со МВР, кое во голем дел е вклучено во спарувавњето со Ковид-19.

Zito akcija 640x289px

Чулев смета дека Пендаровски при одлучувањето да не прогласува вонредна состојба бил под политичко влијание.

Agria

“Носењето на одлука за непродолжување завонредна состојба без да консултираат најважните институции во државата отвара кај мене сомнеж дека одлуката е донесена повеќе врз политичко влијание, а многу помалку врз основа на стручното мислење и реалните аргументи со кои располагаат институциите, стручни аргументи кои до сега беа тема на дискусија на Советотот за безбедност. Факт е дека бројот на заразени од коронавирусот изминативе неколку денови е голем и истиот треба да биде причина за многу посериозен пристап, не само при носење на оваа важна одлука, туку и при постапувањето на сите институции кои имаа одговорност во овој процес”, напиша Чулев.

Тој во обраќањето на Пендаровски вели дека претседателот индиректно го обвиниил за непостапување, па пишува дека таквите обвинувања се паушални и неосновани, и истите се темелат единствено на изјави на одредени политичари од власта.