Реклама

Борис Георгиевски позитивен на коронавирусот

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски од вчера е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје, а утрово ги добил резултатите од тестот за коронавирус кои се позитивни. Тој вели дека е во добра состојба, а засега, нема одговор како и каде се заразил.

Zito akcija 640x289px

“Вчера го направив тестот, денес изутрина добив резултат и е позитивен. Без покачена температура, состојбата е во ред”, изјавил Георгиевски за a1.on.

Agria

Заразени со вирусот претходно беа и градоначалниците на Куманово, Димитриевски, на Чаир Висар Ганиу, и Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.