Реклама

Советот на општина Велес донесе нов ДУП, со кој може да почне изградбата на затворен пазар

gradski pazar 997x485

Советот на Општина Велес вчера го усвои новиот Детален урбанистички план (ДУП) за Градскиот пазар, со што се отстрани пречката за изградба на затворен пазар. Одлуката доаѓа, откако Министерството за транспорт и врски даде согласност дека новиот план може да не донесе. Овој ДУП овозможува и отпочнување постапка за изградба на катна гаража, планирана веднаш до автобуската станица.

Zito akcija 640x289px

„По околу 15 годишна макотрпна постапка, а по добиената согласност од Министерството за транспорт и врски, донесен е ДУП кој го опфаќа подрачјето околу Градски пазар. Ова е важен настан, затоа што ни овозможува веднаш да ја отпочнеме постапката за реконструкција на Градскиот пазар, за што имаме обезбедени 40 милиони денари од Владата и да отпочнеме со постапка за проектирање и изградба на катна гаража, на паркингот до Меѓуградска автобуска станица“, рече Аце Коцевски, градоначалник на Велес.

Agria

Седницата на Советот се одвивала по електронски пат. За одлуката гласале само членовите на Советот од редовите на СДСМ. Опозицијата го бојкотирала гласањето. Тие прво барале точката да биде тргната од дневен ред, па надлежната комисија да се произнесе, но токму кога комисијата почнала да заседава, без образложение, тие се исклучиле од апликацијата на која се водела седницата.

„Жал ми е што советниците од ВМРО-ДПМНЕ не ја препознаа важноста на планот и го бојкотираа гласањето“, напиша на фејсбук градоначалникот Коцевски.

На славеничките објавите на фејсбук на градоначалникот Коцевски и претседателот на Советот Ненад Коциќ, реагираше првиот човек на велешкиот огранок на ВМРО ДПМНЕ Игор Здравковски. Не образложувајќи зошто членовите на Советот од редовите на опозицијата го бојкотирале гласањето, во реченица, во која навестува оспорување на процедурата, Здравковски напиша:

„За да се честита треба нешто да се направи. Не е доволно да се донесе одлука која треба и мора да биде со пропишана со деловник и закон процедура“.

Реконструкција на Градскиот пазар и негово покривање беше едно од клучните предизборни ветувања на последните двајца градоначалници на Велес. 

Можеби ќе ве интересира: