Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција, истакна дека најдобар период за одржување на превремените парламентарни избори, е средина на јули, а не петти и осми јули.
Тој рече дека петти и осми јули не доаѓаат во предвид заради состојбата со коронавирусот, односно кога би се одржале изборите да има точно определен протокол за заштита на здравјето на граѓаните. Мицкоски најави и дека почетокот на кампањата би бил еден ден по одржувањето прес-конференцијан на ОБСЕ/ОДИХР по пристигнувањето во земјава.
“Ќе имаме избори кога ќе има јасни протоколи за здравјето на нашите сограѓани. Ако сака да оди на избори нека оди. Јас нема да поддржам и да го легитимирам тоа. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од тие избори ниту на 5 ниту на 8 јули. На состанокот кај Пендаровски се слушаше само 8 јули”, посочи претседателот на опозицијата Мицкоски.