Нова вонредна состојба во времетраење од осум дена, почнувајќи од денеска, прогласи вчера претседателот Стево Пендаровски по предлог на Владата.
Вонредната состојба во времетраење од осум дена ќе овозможи непрекинато да се одвива изборниот процес, да се донесе решение за изборите од страна на претседателот на Собранието и изменет роковник од страна на Државната изборна комисија за одржување на изборите на 15 јули.
Владата вчера поднесе предлог до претседателот за нова вонредна состојба, откако беше соопштено дека лидерите на двете најголеми политички партии постигнале договор предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули.
Можеби ќе ве интересира: