Реклама

Ракометарите ги дознаа противниците во квалификациите за ЕП

Makedonija rakomet

Македонската ракометна репрезентација ги дозна противниците за квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2022 година ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Zito akcija 640x289px

Ние бевме во вториот шешир, а тоа значеше дека нема да можеме да се соочиме со Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора и Холандија. Избраниците на Брестовац се најдоа во групата седум каде носител е Данска, а освен скандинавците наши ривали ќе бидат Швајцарија (трет шешир) и Финска (четврти шешир).

Agria

По извлекувањето на групите беше утврден и објавен целосниот распоред на натпреварите, па така според истиот ние овој циклус ќе го отвориме и затвориме на домашен терен. На 4/5 ноември ќе ја пречекаме Финска, додека пак на 2 мај ќе ги заокружиме квалификациите со дуел против Швајцарија.

grupi-rakomet-za-ep-2022

Дуелите пак со фаворитот во групата Данска се закажани за 3 и 4 рунда.

Својот прв коментар по ждребката го даде селекторот македонската репрезентација Данило Брестовац.

„Можам да кажам дека добивме коректна група. Кога ќе се погледне можеше да биде и подобро и полошо. Група што може да се помине. Данска е фаворит, но со Финска и Швајцарија можеме да играме и да дојдеме до позитивен резултат“, истакна Брестовац.

danilo brestovac

Данска ќе биде фаворит во групата, но скандинавската селекција ќе мора на терен да ја оправда таа улога, посебно на гостувањето во нашата земја.

Дека актуелниот светски шампион не е премногу задоволен од исходот на денешната ждрепка потврдува и селекторот Николај Јакобсен, кој негодува за групата во која се најдоа и Швајцарија и аутсајдерот Финска.

„Ова е веројатно една од најлошите комбинации кои можевме да ги добиеме, дефинитивно не би сакал да сум во оваа група 7. Нема од што да се плашиме, но ако гледате кои противници можевме да ги добиеме, јас би преферирал да сме во група со Холандија и Полска. Единствена утеха ми е што досега не сум бил во Финска, а и ни одговара во однос на патувањето“, изјавил Јакобсен.

Nikolaj Jacobsen

Најдобрите две селекции од секоја група и четири третопласирани репрезентации ќе обезбедат учество на ЕП кое во 2022 година ќе се одржи во Словачка и Унгарија.

Шампионатот во Словачка и Унгарија пак се игра од 13  до 30 јануари 2022 година.

Извор: derbi.mk

Останати вести од спорт: