Реклама

(ВИДЕО) Детали од пресудата за Катица Јанева и Боки 13

boki 13 presuda

На Бојан Јовановски – Боки 13 му се конфискува облеката од скапи брендови во 70 вреќи што му ја одзеде обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска во истрагата, како и уметничките слики од Личеновски, Мартиновски, Коџоман и други, мебелот и сè што му е стекнато со пуштањето во оптек на парите од земениот рекет, кажа судијката Васка Николовска-Масевска при изрекување на пресудата во случајот „Рекет“. Ќе му се конфискуваат и 12.000 евра што биле најдени кај него, како невработено лице со блокирани трансакциски сметки.

Zito akcija 640x289px

На Јанева, за која судијката кажа дека ја урниса вербата на целата јавност во правосудството, ќе ѝ бидат конфискувани 50.000 евра, а ако нема готови пари на сметки, ќе бидат присвоени лични предмети или недвижнини во износот со кривичното дело.

Agria

Судијката Николовска-Масевска рече и дека на тежината на казната кај Јанева влијаела и нејзината висока функција. Нејзино мислење е, како што кажа, дека високите функционери, т.н. „бели јаки“, треба да добиваат повисоки казни од останатите граѓани, за да служат за пример дека дадената доверба и функција, не смее да се злоупотребува.

Боки 13, првообвинет во „Рекет“, денеска е неправосилно осуден на 9 години затвор за кривичните дела Примање награда за противзаконито влијание и за Перење пари, додека второобвинетата Јанева неправосилно е осудена на 7 години затвор за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања.

По соопштување на првостепените затворски казни, обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска побара продолжување на мерките притвор за двајцата.

„Со оглед на тоа дека сега осудената доби висока казна, но и дека се води пред неа предистражна постапка за друго дело, барам на Јанева да ѝ биде укинат куќниот притвор и да биде вратена во затворот во Шутка”, рече Русковска.

Бојан Јовановски смирено ја ислуша судијката Васка Николовска Масевска, која предмалку ја соопшти пресудата за случајот „Рекет“, со која Боки 13 е осуден на 9 години затвор, а поранешната шефица на СЈО, Јанева, на 7 години затвор.

Откако обвинителката Вилма Русковска побара притвор за двајцата осудени, Јовановски побара збор.

„Ова е политичка одлука. Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, рече Боки 13, по што судијката нареди да се изнесе од судницата, но кога полицајците го фатија за раце“, Јовановски почна да зборува за притворот, па судијката го остави да се доискаже.

„Нама да се дадам во бегство, едвај го чекам први јули, едвај чекам да дозволите да отидам во јавното обвинителство овие денови за сите вистински сторители на кривични дела во оваа земја. Знам дека ќе ми го продолжите притворот бидејќи така ви е наредено“, истакна Јовановски.

Судијката го одби барање на Русковска за Јанева и таа останува во куќен притвор. На Боки 13 му е продолжен притворот во затворот во Шутка.

Извор: sdk.mk и fokus.mk

Поврзани вести: