Реклама

Еден лекар од штипската Брза помош позитивен на коронавирус

Brza pomos-Stip

Лекар од Итната медицинска помош во Штип е позитивен на корона вирус. Тоа во изолација однесе цел тим, односно шестмина негови колеги. Од Здравствениот дом велат дека тоа засега нема да се одрази на нивната работа, епидемилозите ќе носат одлука како ќе се постапува со пациентите што имале контакт со лекарот. Тимот што сега е во изолација поседен пат на работа бил во недела.

Zito akcija 640x289px

“Имаме лекар, имаме екипи и можеме да го замениме сето тоа. Сега за сега тоа нема да се одрази на работата, ако остане само на тие шест здраствени работници кои ќе бидат во изолација. За понатаму не можам да кажам, чекаме сеуште резултати, епидемиолошка служба ќе не насочи понатаму што да правиме и дали други да изолираме,” изјави Снежана Трајковска директор на Здравствениот дом Панче Караѓозов – Штип на денешната прес конференција.

Agria

За 24 часа во Штип 12 здравствени работници заминаа во изолација, а позитивни случаи има на неколку одделенија во болницата. Вчера по еден позитивен случај и одделението за грижа на новороденчиња остана без цела смена. Од Општинскиот кризен штаб апелираат сите фирми и институции каде има голема фреквенција на луѓе да постават ковид координатори што ќе внимаваат на спроведување на мерките, да нема групирања надвор и внатре во објектите  и правилно да се носи заштитнта опрема.

“Од стартот на пандемијата се изречени над 170 казни за непочитување на здравствените мерки, но многу е поважно луѓето да сфатат дека е потребно да се носат заштитни маски и да се почитуваат другите препораки за да се сопре ширењето на заразата, велат од Општинскиот кризен штаб – Штип.

Денеска ССМ на својата фејсбук страница објави дека на барање на своите членови побарале вонреден инспекциски надзор во три штипски фирми. И покрај регистрираните позитивни случаи во нив не се вршело редовно  дезинфекција на просторот, а имале и ист превоз до работа.

Поврзани вести: