понеделник, 1 јули, 2024
Реклама

(ВИДЕО) Филипче: Не сум изморен, секој ден е нова борба

Министерот за здравство Венко Филипче на синоќешната емисија на „Клик-Плус“, на ТВ 21, рече дека воопшто не се чуствува изморен, бидејќи како што вели секој ден е нова борба и тоа ни дава сила и ентузијазам за да успееме.

Zito akcija 640x289px

„Кога почна оваа криза, ова беше нешто што ниту една земја во светот не го очекуваше, не беше спремна за ваква криза, не беше спремна за оваа нова  болест, многу непозната, каква е болеста, како се пренесува, какви карактеристики има, зошто кај некои пациенти има една клиничка слика, а кај некои пациенти друга. И мислам дека многу брзо и сосема навремено изреагиравме“, кажа Венко Филипче.

Agria

„Тој додаде дека за време на викендов ќе се разговара за целосно отворање на границите односно за слободен проток на граѓани без тестови и изолација, а конечната одлука за тоа би можело да биде донесена на почетокот на следната недела”, најави министерот за здравство Венко Филипче.