Реклама

(ВИДЕО) Коцевски предлага да се прогласи недела за неработен ден за вработените во трговијата

Stokomak

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски најави дека ќе предложи декларација до Советот на општината да се прогласи недела и деновите од државни и други празници за неработни, за сите вработени во трговијата на мало и големо.

Zito akcija 640x289px

Оваа декларација ќе се однесува најмногу на вработените во самопослугите и маркетите, но и во другите трговски дејности. Коцевски вели дека со оваа одлука сите граѓани ќе бидат еднакви, а вработените во трговијата на големо и мало ќе можат да се посветат себе си, на своето здравје и на своите семејства.

Agria

„Користењето слободен ден во текот на неделата создава големи проблеми, почнувајќи од грижата за малите деца, бидејќи во недела не работат детските градинки, па се до неможност еден ден во неделата целото семејство да се собере“, рече Аце Коцевски, градоначалник на Велес.

Исклучок од неработењето во недела и за време на државни и други празници би биле аптеките, пазарите, бензинските станици, продавниците за цвеќе, сувенири, весници, погребална опрема, штандови од кои се продава за време на културни, спортски и слични настани, саеми, кина, внатрешни продавници во автобуски, железнички станици и на аеродроми.

„Доколку Советот ја усвои декларацијата, таа ќе се достави до ЗЕЛС, за да се добие подрршка од останатите општини и градот Скопје, а потоа и до Собранието на Република Северна Македонија за со соодветни измени на законската регулатива, ова стане реалност“, рече Коцевски.

Можеби ќе ве интересира: