Македонскиот младински репрезентативец Емил Абаз е на излезни врати од Фудбалскиот клуб Борец.
Тој иако беше претставен како големо засилување на клубот, како поранешен член на Андерлехт и Жерминал Бершот во Белгија, а потоа и на Динамо Загреб, сепак не го покажа квалитетот, кој несомнено го поседува.
Претходно од клубот ги потврдија двете засилувања Стојчевски и Станковски, а договорите ги продолжија стандардниот голман Бурхан Мустафа и сите странци, кои и досега го носеа дресот на Борец, Бразилецот Силва, најдобриот стрелец, хрватот Никола Прелчец, како и србите Радовиќ и Гавриќ.
Поврзани вести: