Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес за време на посетата во Струмица, потврди дека неговата мајка е позитивна на коронавирусот од пред неколку дена. Тој кажа дека немал контакт со неа и поради тоа не е во самоизолација.
„Излезе таква информација, да точно е. Мајка ми е позитивна, веќе неколку дена. Ние се немаме видено, направено е епидемиолошко интервју со неа, луѓето кои што биле во нејзина близина, се разбира, ќе бидат и сѐ веќе во самоизолација. Јас подолг период се немам видено, имајќи предвид ризикот на кој што сум секојдневно изложен, бидејќи секојдневно се среќавам со луѓе и разговарам, така што, да, за жал, точно е. Ете и кај нас во семесјтвото, за жал, ја почуствувавме директно оваа пандемија“, кажа Мицкоски.
Мицкоски помина 14 дена во самоизолација, откако по гостувањето во Канал 5 заедно со лидерот на СДСМ Зоран Заев беше потврдено дека новинарот Гоце Михајлоски е позитивен на Ковид-19.
Можеби ќе ве интересира: