недела, 4 декември, 2022
Реклама

Лекарка и медицинска сестра во Кавадарци заразени со коронавирус

bolnica kavadarci golema

Лекарка – специјалист и медицинска сестра од Општа болница Кавадарци се новите случаи на ковид-19 во Тиквешијата, потврдил за МИА утрово Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центар за јавно здравје Кавадарци.

„Лекарката е без симптоми, додека медицинската сестра со средна клиничка слика се наоѓа на Инфективното одделение во Велес“, изјавил Јовановски.

Agria

Според Министерството за здравство, во Градската општа болница „8 Септември“ тројца анестезиолози, тројца интернисти, 25 медицински сестри, ангажирани на одделенијата каде се лекуваат позитивни и сомнителни случаи и пет болничари се заразени со коронавирус.

На Клиниката за инфективни болести заразени се двајца здравствени работници, а други двајца кои се оздравени, се вратиле на работа.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата пред два дена кажа дека медицинскиот кадар од јавното и приватното здравство се мобилизира со цел да се амортизира напливот на пациенти заболени од ковид-19.

Во двете главни болнички установи во борбата со ковид-19, досега се пристигнати околу 60 здравствени работници од други клиники и градови за да им помогнат на колегите.

Според информациите кои ги сподели министерот Венко Филипче, на Инфективната клиника има 5 дополнителни доктори, од кои тројца се од три клиники во Клиничкиот центар и по еден од Тетово и Охрид. Има вкупно и 27 медицински сестри пристигнати од повеќе градови, како Кавадарци, Кочани, Кичево…

Во градската болница „8 Септември“, пак, помагаат 6 доктори, од кои двајца се од скопските клиники, двајца од Кичево и по еден од Отешево и Гостивар. По систем на ротација, ќе помагаат и 20 медицински сестри од Струга, Велес, Отешево, Гевгелија и Лешок.

Извор: 360stepeni.mk

Можеби ќе ве интересира: