Еден од последните случаи на заразен со коронавирус е поврзан со тепачката што минатата недела се случи на улица „Маца Овчарова“, во близина на месноста „Потокот“.
Епидемиолозите дополнително ќе ги истражуваат сите неоходни елементи како дошло до тоа. Останатите кластери доаѓаат од село Бузалково и Горно Јаболчиште.
„Отприлика се знае кои се кластерите и се надевам дека ќе бидат опфатени со епидемиолошките анкети сите инволвирани, сите што имале блиски контакти ќе бидат тестирани, за да спречиме понатамошно ширење на инфекцијата во кругот на семејствата, роднините, пријателите и луѓето со кои тие контактирале“, рече Аце Коцевски, градоначалник на Велес.
Тепачката кај „Потокот“ се случи пред седум дена, а во неа учествуваа осум лица на возраст од 18 до 62 години. Кај еден од учесниците откриен е коронавирус, откако бил прегледан, бидејќи бил повреден во тепачката.
Од почетокот на епидемијата, во Велес се регистрирани 164 заразени, од кои 36 се активни, 117 оздравеле, а 11 граѓани ја загубија битката со вирусот.
Можеби ќе ве интересира: