Полицијата потврди дека 55-годишниот полициски службеник Н.А. и уште едно лице го предизвикале инцидентот во саботата, на улица „Христо Татарчев“, во близина на училиштето „Васил Главинов“.
Според СВР Велес, службеникот кој не бил на работа, го омаловажувал и навредувал неговиот колега во униформа, кој отстранувал возила, за да се овозможи бележење на хоризонтална сигнализација.
„На 20.06.2020 околу 12.00 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Велес, лица кои извршувале работни задачи односно обележувале паркинг простор, биле нападнати од две лица. При обид на полициски службеник да интервенира, бил омаловажуван и навредуван од Н.А.(55), полициски службеник кој бил таму, а не бил на работа и не почитувал наредба од колегата кој службено постапувал. Н.А. бил приведен во полициска станица“, велат од СВР Велес.
По целосно документирање на случајот СВР Велес ќе поднесе соодветна пријава против својот колега.
Поврззани вести: