Тепачка во која учествувале десетина млади луѓе од Демир Капија се случи вчера попладне.
По кратка вербална расправија, поголема група млади луѓе нападнале три лица и со камења го оштетиле нивното возило.
„На 21.06.2020 околу 15.00 часот во Полициската станица Демир Капија било пријавено дека кај место викано „Дошница – Вирови“, Демир Капија, Х.И.(19), П.М.(18) и С.Ѓ., по вербална расправија, биле физички нападнати од десеттина млади лица од Демир Капија, а со камења го оштетиле нивното возило“, соопштија од СВР Велес.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Поврзани вести: