Реклама

Два нови случаи на заразени и еден оздравен од Ковид 19 во Велес

Korona sestra

Два нови случаи на заразени од Ковид 19 во Велес, се регистрирани во последните 24 часа. По периодот во кој имавме троцифрена бројка на заразени, денес бројката е 90.

Zito akcija 640x289px

Скопје бележи бројка од 36 заразени, Охрид 13, Струга десет, Штип осум, Ресен шест, Тетово четири, Велес, Кочани, Свети Николе, Куманово и Битола по два, Пробиштип, Гостивар и Крушево по еден нов случај на заразен од Ковид 19.

Agria

Денес Институтот за јавно здравје регистрира и 48 оздравени пациенти.

Починати се девет лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5196, бројката на оздравени пациенти е 1974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2975.

Поврзани вести: