Реклама

Кожувчанка донираше медицинска опрема вредна 10 илјади евра

kozuvcanka donacija1

Медицинска опрема во вредност од 10.000 евра, донираше денеска компанијата Кожувчанка. Донацијата е наменета за Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, а ќе послужи за заштита на пациентите во новонастанатата состојба со COVID19 кризата во нашата држава.

Zito akcija 640x289px

Се работи за апарат за вентилација при транспорт на пациенти со погон на кислород, модел Oxylog VE300 Basic Drager Germany. Со апартот се испорачува и боца за кислород, редуцир вентил за кислород, носач на апаратот и боцата, пациент црева и адаптери за напојување.

Agria
kozuvcanka donacija2

Овој апарат кој е подвижен и со современа вентилација, ќе овозможи полесен транспорт на пациентите до клиника или помеѓу клиниките поради различните испитувања на пациентите кои се заболени од COVID-19.

Кожувчанка ДОО е компанија која постојано бара начини да биде општествено одговорна компанија. Особено радува тоа што овој вид на донација врз основа на укажувањата на клиниката е од особена важност за настанатата состојба со COVID-19 кризата.

Можеби ќе ве интересира: