Реклама

Денеска ќе се решава како да се преминуваат границите со соседите

Како ќе се преминуваат границите кон соседите, дали и ние ќе бараме тестови ако се бара тоа од нашите граѓани, како ќе се изведе тоа, дали ќе се задржат тестовите на одење и на враќање, се теми за кои одлука, според министерот за здравство Венко Филипче, треба да се донесе денес, иако се најавува и се дискутира одамна.  Филипче најави дека денеска би требало да реши сѐ во однос на можноста за патување во странство за македонските граѓани.

Zito akcija 640x289px

„Нашата анализа покажува дека цел регион е во ист епидемиолошки ризик. Утрово имавме дискусија, ќе продолжиме и утре и ќе донесеме одлука. Денеска ќе разговараме и со министерствата за здравство во околните земји. Во однос на тоа дали и ние ќе бараме тестови, ако при влез на една земја од наши граѓани се бара тоа, можам да кажам дека тоа ќе биде една од темите. Има и други опции, како на пример потпишување на документи за следење, што на почетокот на коронкризата се практикуваше во авион“, изјави Филипче на вчерашната прес конференција.

Agria

Можеби ќе ве интересира: