Реклама

Политичките подмладоци од земјава ќе водат фер и демократски избори

lasanje-izbori-24_original

Сите претседатели на подмладоците на политичките партии денеска ќе ја потпишат декларацијата за слободни, фер и демократски избори со што ќе покажат воља за спроведување на слободни, фер и демократски избори како за денот на изборите така и во предизборната кампања, а ќе ја искажат и својата решителност да се борат против говорот на омраза кој се шири на социјалните мрежи и да промовираат намалување и отстранување на говорот на омраза во општеството.

Zito akcija 640x289px

Чинот на потпишување на подмладоците на политичките партии станува традиција, кој е во организација на Институтот Охрид од Скопје, кој се стандардно пред секои избори. За прв пат декларацијата за слободни, фер и демократски избори беше потпишана во 2014 година.

Agria

„Потпишувањето на оваа Декларација ќе пренесе јасна порака до целата македонска јавност дека младите политичари како идни носители на одлуки, имаат силна волја, капацитет и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура, издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво“, рекоа од Институот Охрид.

Институтот ја спроведува програмата „Политички дијалог помеѓу младите политичари” од 2010 година. Програмата има цел да ги обедини сите активни политички подмладоци и да негува и гради политичка култура и дијалог, но и да ги гради капацитетите, вештините и знаењата на младите политичари како идни лидери и носители на одлуки.

Извор: МИА

Можеби ќе ве интересира: