Виктор Троицки е уште еден учесник на „Адрија Тур“ со позитивен тест

viktor-troicki1
viktor-troicki1

Српскиот тенисер Виктор Троицки имал позитивен тест на КОВИД-19, објавија пред малку српските медиуми, иако информацијата е неофицијална.

Zito akcija 640x289px

Троицки учествуваше на првиот турнир на „Адрија Тур“ кој минатата недела се одржуваше во Белград, а вчера се повлече до Шампионатот на Источна Европа каде требаше да настапува неделава.

Agria

Тоа е турнирот каде игра нашиот Томислав Јотовски, а Троицки наводно поради замор му го отстапи местото на младиот Бојан Бутулија.

Но, Троицки очигледно имал и друга причина, затоа што сега има позитивен тест на коронавирусот и не сакале да ги загрози учесниците на турнирот чиј организатор е Академија „Типсаревиќ“.

Досега позитивни тестови имаа Григор Димитров, Борна Чориќ и двајца тренери, а утре ќе биде соопштен резултатот од тестот на Новак Ѓоковиќ.

Извор: derbi.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: