Реклама

Се собраа 37 крвни единици на вчерашната крводарителска акција во Велес

Krvodaritelska akcija 22.06.2020 - 1

Третата крводарителска акција организирана од Црвениот крст во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина се одржа вчера во Велес.

Zito akcija 640x289px

Преку акцијата се собрани 37 единици крвни единици, три единици помалку од планот, со кој се очекуваа 40. Крв дариваа 29 велешани и осум велешанки.

Agria

Акцијата се организира поради вонредната состојба во државата и ниското ниво на залихи со крвни единици.

Во првите две вонредни крводарителски акции во април и мај се собраа по 63 единици. Освен вчерашната, пред една недела се одржа уште една крводарителска акција во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, каде што припадниците на армијата даруваа 25 единици.

И на вчерашната крводарителска акција се применуваа сите стандарди и процедури согласно состојбата во која се наоѓаме. Акцијата се одржа со помош на Општина Велес и Народниот музеј.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/6828/faten-veleshaneczot-koj-ograbi-migranti-dobi-30-dena-pritvor/