Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, објави дека е позитивен на коронавирусот. Инфицирана е и неговата сопруга Јелена, додека другите членови на семејството и тимот се негативни.
Тој беше организатор на турнејата Адрија тур. Првиот викенд се одржа во Белград, а финалето на настанот во Задар беше откажан, откако Григор Димитров објави дека е позитивен за коронавирус.
Од тестирањето во Задар се утврди дека Борна Чориќ е позитивен, како и фитнес тренерот на Новак, Марко Паники, додека Марин Чилиќ и Александар Звереви Андреј Рублев беа негативни. Во понеделникот беше потврдено дека е заразен и Виктор Троицки.
Поврзани вести: