Реклама

(ВИДЕО) Мицкоски: На народот му се потребни пари, наместо демагогија

Денеска во Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја промовираше програмата на неговата партија насловена како „Обнова“.

Zito akcija 640x289px

Во фокусот, како што рече, се економијата, претприемништвото и поддршка на бизнисот, а целта е едноставна „повеќе пари за секого“.

Agria

„Главниот фокус се економијата, претприемништвото и поддршка на бизнисот, а целта е едноставна, повеќе пари за секого. Ние мораме преку реиндустријализација и константен економски развој да постигнеме стандарди базирани на вредности. На народот потребни му се пари, наместо демагогија, а на државата работа и резултати, наместо неспособност и порази“, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека со програмата се обезбедуваат повеќе пари во земјоделството, субвенции во износ минимум 640 милиони евра во еден мандат и сигурен откуп.

„Успехот е резултат на правилен избор на повеќе одлуки и подразбира многу работа, решавање на многу предизвици. Можете да ја прифатите тешката реалност, но можете и да ја промените. Вашиот глас ја носи промената, а изборот е јасно и гласно обнова“, порача Мицкоски денеска пред битолската јавност.

Можеби ќе ве интересира: