Река Брегалница доцна попладнево се обои во млечно бела боја. Некој во неа испуштил огромна количина на засега неутрврдена хемикалија, па водата беше бела по целото речно корито од некогашна Македонка до излезот кај Ново село.
Засега не е забележан помор на риба, а според очевидците на почетокот се чувствувал силен и остар мирис. На терен се увидни екипи на полицијата и риболовното друштво кои земаат мостри од водата. Рибарите апелираат на терен да излезат и Државните инспектори за заштита на животната средина.
Ова не е прв пат Брегалница да ја смени бојата. Пред две години водата се обои во црно, но тогаш инспекторите не открија виновници, утврдија дека се работи за запушување на каналите за отпадна вода, но беа откриени пропусти кај неколку компании што се занимаваат со боење на ткаенини.
Поврзани вести: