Реклама

Таткото на Ѓоковиќ: Ова се случи поради тоа што Димитров најверојатно дојде болен од којзнае каде

Djokovic

Тоа што требаше да претставува вистинска забава и тениско уживање за фановите на Балканот, на крајот се претвори во вистински корона хаос, бидејќи „Адрија турот“ предводен и организиран од Новак Ѓоковиќ доживеа вистински колапс со неколку заразени тенисери.

Zito akcija 640x289px

Еден од нив е и самиот Новак кој вчера потврди дека има позитивен корона тест заедно со неговата сопруга Јелена, по што Србинот на двапати се јави и се извини во јавноста за штетата која ја нанесе без никаква лоша намера.

Agria

Ѓоковиќ се соочи со реалноста и со второто соопштение призна дека пораниле со турнирот и ја призна грешката, но додека најголем дел од јавноста и светските медиумите фрлаат „дрва и камења“ кон светскиот рекет број еден, неговиот татко го посочи главниот виновник за цела оваа непријатна ситуација.

Срѓан Ѓоковиќ е познат по своите контроверзни изјави кои ги дава за ривалите на својот син, а во тој контекст оди и последната, бидејќи тој гледа на Григор Димитров како главен виновник за целата ситуација (Бугаринот беше прв кој пријави позитивен тест).

„На никој не му е сеедно поради оваа ситуација, па ниту на Ноле. Тоа е што е, од ова мора да излеземе посилни и мораме да сфатиме дека ова мора да пројде“, посочи Срѓан Ѓоковиќ

Реномираниот Л’Екип ја посвети својата денешна насловна за Ѓоковиќ со насловнот „Непослушен бекхенд“, алудирајќи на тоа дека можеби дури и реномето на најдобриот тенисер значително ќе се намали во наредниот период.

Извор: derbi.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/6922/po-apelot-na-deczata-opshtina-veles-ke-postavi-golovi-i-kosh-na-nivnoto-igralishte/