Некои претходно укинати мерки за контрола на коронавирусот се применуваат повторно во Србија од денес, откако вчера се регистрирани повеќе од 100 нови случаи, за прв пат од почетокот на мај, кога започна да опаѓа бројот на заразени, а во последните денови осцилираа околу 90.
Од денес, задолжителна е употреба на заштитни маски во јавниот градски и меѓуградскиот превоз, а на патниците кои не ги носат нема да им биде дозволено да патуваат , објави српската влада по седницата на Кризниот штаб.
На граѓаните им се препорачува да носат маски на сите затворени места, особено во поштите, банките, јавните институции и продавниците и трговските центри.
Можеби ќе ве интересира: