понеделник, 8 јули, 2024
Реклама

Три нови случаи на заразени од коронавирус во Велес

Infektivno Veles 997x485

Три нови случаи на заразени од коронавирус во Велес во последните 24 часа, објави Министерството за здравство.

Zito akcija 640x289px

Во Македонија бројката е 136. Најголем број нови случаи се од Скопје, 80 и во Тетово, 24 случаи. Во Куманово шест случаи, во Охрид се потврдени пет нови случаи, во Прилеп и Велес по три, во Ресен и Гостивар четири случаи, и по еден случај во Штип,  Струга, Струмица, Крива Паланка, Кочани, Кичево и Неготино.

Agria

Починати се осум лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти од: Скопје-26, Штип,Прилеп, Кочани, Пробиштип и Кратово по еден оздравен пациент Тетово шест, Велес четири, и Гостивар два оздравени пациенти

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5 445, бројката на оздравени пациенти е 2 091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 095.

Поврзани вести:

https://batali.net/6932/ozdraveni-74-paczienti-no-i-novi-118-sluchai-vo-poslednite-24-chasa/