ФУДБАЛСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА: Академија Пандев – Брегалница и Шкендија – Струга Трим Љум полуфинални двојки

Во Куќата на фудбалот, во Скопје беше извршена жрепката за одредување на полуфиналните двојки од 28-то издание на Купот на Македонија.

Zito akcija 640x289px

Бранителот на пехарот, тимот на Академија Пандев ќе се бори за ново финале со изненадувањето Брегалница, која е единствениот второлигаш кој успеа да стигне до оваа фаза.

Agria

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Шкендија, екипа која важи за фаворит за подигнување на пехарот и тимот на Струга Трим Љум, за кого пласманот во полуфиналето е историски успех.

Првите натпревари се закажани за 8 април во 15.30 часот, додека реваншите ќе се играат еден месец подоцна, односно на 6 мај во 16 часот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: