Нема заразен велешанец со коронавирусот во последните 24 часа. Од вкупно 1279 тестирања, регистрирани се 153 нови случаи.
Од нив најмногу се во Скопје 66, потоа Куманово и Штип 13, Прилеп 2, Тетово 20, Струга 7, Битола 1, Охрид 7, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Свети Николе 3, Кичево 6, и Ресен 12.
Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти, но и шест починати лица.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5595, бројката на оздравени пациенти е 2166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3164.
Можеби ќе ве интересира: