Д-р Фабио Скано од СЗО: Не е време за олабавување на мерките и спуштање на заштитата

fabio-skano-sovetnik-szo-scaled
fabio-skano-sovetnik-szo-scaled

Отворањето на границите е тешка одлука, рече денеска во Скопје д-р Фабио Скано, советник на регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа Ханс Клуге, на заедничката прес-конференција во Владата со министерот за здравство Венко Филипче. Од утре, во земјава македонските и странските државјани ќе можат да влезат без никакви ограничувања, односцно без ПЦР тест и задолжителна самоизолација, пренесува порталот sdk.mk.

Zito akcija 640x289px

Скано кажа дека сега не е време за олабавување на мерките и спуштање на заштитата, напротив, треба да се прошири она што било досега добро сработено, во делот на идентификување и изолирање на сомнителни случаи, нивно тестирање и изолирање на болните, неуморно трагање по контактите и нивно ставање во карантин. Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата има 5.595, оздравени се 2.166, починати се 265, а има 3.164 активни случаи.

Agria

„Она што го гледаме сега во Северна Македонија е загрижувачко. Поуката што треба да ја извлечеме е дека до наоѓање на вакцина, не смееме да се опуштаме. Месеците кои следуваат ќе бидат значајни“, рече Скано.

На новинарско прашање дали некои мерки се прерано донесени и дали со отворањето на границите ќе се зголеми бројот на новозаболени со ковид-19, Скано кажа: „Отворањето на граници е тешко, но не може да се прави бинарна интерпретација во однос на здравствената состојба. Мора да се балансира, односно треба да обезбедиме рана детекција без експлозивно ширење на заразата, но во исто време ако има потреба да бидеме селективни во однос на мерките кои се спроведуваат. Кога се отвораат границите најважно е да видиме за каква трансмисија се работи, да ги изолираме случаите и да ги ставиме во изолација контактите“.

Според него, зголемувањето на бројот на заразени не е случај само во земјава и во регионот, туку и во останатите европски земји каде што, како што рече, имаше надолна насока на кривата и кои почнаа со олабавување на мерките.

„Тоа беше резултат на мерките, на контролите и на однесувањето на луѓето. Кога се олабавуваат мерките, стануваме помалку претпазливи и со тоа придонесуваме за ширење на вирусот. Но ова може да се менаџира со тоа што навреме ќе ги откриваме случаите и контактите и ќе ги ставаме во изолација. Овој вирус нема да си замине и колку побрзо ја спуштиме заштитата, ќе бидеме помалку претпазливи и толку тој побрзо ќе се врати. Но тоа може да се менаџира“, рече тој и додаде „Северна Македонија до неодамна беше најдобар пример за справување со коронавирусот и повторно може да се вратат на таа позиција“.

Владата, на седницата одржана во вторникот, донесе одлука целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови, и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин. По изјавата на премиерот Оливер Спасовски дека Комисијата за заразни болести препорачала отворање на границите, здравствените експерти реагираа дека не препорачале отворање на 26 јуни. Денеска пак директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери на Фејсбук се пофали дека како член на Комисијата  помогнал да се отворат границите без протоколите препорачани од СЗО  да дојдат иселениците да гласаат за премиер Албанец. Оваа изјава на Зибери, Филипче ја оцени како евтина и лоша реторика и најави негово разрешување. Изјавата на Филипче ја поддржа и Антикорупциската комисија и кажа дека нема правна пречка за разрешување.

Извор: sdk.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: