ПОВИК ДО СИТЕ ХУМАНИ ЛУЃЕ: На велешанецот Јован Ивев му требаат 10.000 евра за повторно да застане на нозе!

jovan ivev naslovna

Товар тежок 2,5 тони кој паднал врз неговото тело, го оставил неподвижен 25-годишниот велешанец Јован Ивев. Несреќата се случила пред девет месеци во Холандија.

Zito akcija 640x289px

Младото момче работело како возач на камион. На 23 септемви лани, при истовар на стока во Ротердам, врз него паднале тешките метални цевки и го згмечиле. Отстранувањето на цевките траело долго, а во тој период Јован останал без кислород и срцева реакција.

Agria

Откако стигнала брзата помош, лекарите морале да го реанимираат и по неколку минути го вратиле во живот. Јован добил тешки повреди на главата, градниот кош, абдоменот, карлицата и нозете.

Во болницата во Холандија младиот велешанец е хоспитализиран три месеци, по што, за понатамошно лекување е испратен во Македонија . Поставена му е дијагноза Dg. QUDRIPARESIS. St. Post. Plytraumatismus.

Во моментов тој е неподвижен и за негово лекување потребни се 10.000 евра. Со овие пари треба да се плати рехабилитација и закрепнување во Поликлиника „Неуромедик“ од Ниш, Србија.

Семејството на Јован ги нема овие пари. Затоа ги молат сите хумани граѓани за помош, за тој да се исправи на нозе.

Сметка за донација – 250014000660205 Шпаркасе банка, на име Јован Ивев

Телефони за донации:

Македонски телеком – 143 138 (за повик)

А1 – 143 777 (за повик)

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: