Националниот информационен систем на Бугарија, објави дека во последните 24 часа се регистрирани 166 нови случаи на коронавирус. Направени биле 2775 PCR теста, а две лица починале од инфекцијата.
Во соседна Бугарија бројот на заразени достигна 4408, а активни се 1827 лица. 384 заболени се лекуваат во болнички услови, а 16 се на одделенијата за интензивно лекување.
Ова е рекордна бројка од 166 заразени по одлуката за реласкирање на мерките за заштита од пандемијата.
Како и кај нас, најголем дел од заразените доаѓаат од главниот град, односно 60 лица се од Софија.
Директорот на Универзитетската клиника „Пирогов“, професор Асен Балтов предупредува дека ситуацијата е сериозна, но би можеле да прерасне во драматична доколку бројот на дневно заразени ја надмине границата од 300 лица.
„Крајно време е народот да разбере дека ова не е обичен грип, туку многу тежок вирус, кој задолжително треба да биде лекуван минимум 14 дена во болница. Од вкупниот број активни случаи, 21% се хоспитализирани. Оние на кои им е потребна интензивна нега се помалку од 5%. Секое зголемување на бројот на заразени доведува до раст и лицата кои мора да бидат примени во болница. Ќе биде проблем ако состојбата не се смири, туку продолжи да расте. Во ситуација да имаме по 300 заразени дневно, тоа би значело дека на околу 60 лица ќе мора да се хоспитализираат. Тоа ќе ни ги преполни капацитетите на болниците и ќе се доведеме во сериозен проблем“, вели професор Балтов.
Можеби ќе ве интересира: