Од денеска попладне здравствените власти во Црна Гора, ќе воведат полициски час во градот Рожаје поради ширењето на Ковид-19.
Националното координативно тело објави дека поради епидемиолошката состојба, на сите граѓани на општина Рожаје им е строго забрането да ги напуштат домовите од 18 часот до 5 часот наутро.
Во Црна Гора во текот на вчерашниот ден во последните 24 часа беа потврдени 22 нови случаи на коронавирус, а моментнов има 87 активни случаи на Ковид-19. Градот Рожаје се смета за жариште на заразата.
Инаку, Црна Гора за пет дена ги отвора границите за 130 земји со помалку од 25 активни случаи на 100.000 жители.
Владата на Црна Гора прогласи и крај на епидемијата со коронавирусот на територијата на земјата, откако 28 дена по ред, односно двојно повеќе од периодот на инкубација, не беше регистриран случај на зараза.
Претходно, на 24 мај, Црна Гора стана првата земја без корона во Европа, но по олабавувањето на мерките вирусот повторно се врати.
Можеби ќе ве интересира: