Трактор марка „Њу Холанд 65-56“ целосно изгоре во пожар, кој изби вчера околу 18:30 часот, во местото викано „Бела вода“.
Тракторот се запалил додека бил во хангар во сопственост на фирма од Скопје.
Велешаката противпожарна единица веднаш пристигнала, го изгасила пожарот и спречила поголема штета.
„На 24.06.2020 околу 18.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано „Бела Вода“, во хангар сопственост на фирма од Скопје, настанал пожар во трактор „Њу Холанд 65-56“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирмата. Тракторот целосно изгорел, а пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес“, соопшти СВР Велес.
Полицијата извршила увид, по што се очекува да се откријат причините за пожарот.
Можеби ќе ве интересира: