Двајца нови заразени велешани се регистрирани во последните 24 часа. Според Општинскиот кризен штаб еден е од градот, а еден од околните села.
Оттаму велат дека оваа бројка не е конечна, бидејќи е можно подоцна, во текот на денот да стигнат резултати од останатите направени тестови.
Градоначалникот на Велес Аце Коцевски кој е претаедател на штабот соопшти дека согласно уредбата на Владата за укинување на државните карантини, хотелот Монтенегро повеќе ја нема таа функција.
Од почетокот на епидемијата до сега се регистрирани 173 заразени велешани, од кои 131 се опоравија, починаа 12 граѓани, а 30 се се’ уште активни случаи.
Можеби ќе ве интересира: