Реклама

Дури 95 отсто од лековите се издадени електронски

Пациентите се јавуваат кај матичниот лекар, тој го издава електронскиот рецепт, а потоа пациентот или некој друг во негово име може да го подигне лекот. На овој начин се исфрлаат од употреба хартиените рецепти, кај матичниот лекар нема гужви.
Во овие два месеци 95 отсто од лековите се издадени со електронски рецепт – рече Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и јавна администрација.

Zito akcija 640x289px

Тој исто така најави дека ќе се воведе електронско запишување на деца во градинка и во училиште, потоа издавање извод од матична книга за новороденче, а следуваат и други електронски услуги што ќе бидат достапни за граѓаните.

Agria

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека овој систем се покажал како корисен во услови на корона вирус, за да не мора пациентите да се појавуваат на матичен лекар и да не се прават метежи.

Системот се покажа како успешен. Од 1 мај до сега се креирани над три милиони рецепти за акутна терапија – рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/7193/povik-do-site-humani-luge-na-veleshaneczot-jovan-ivev-mu-trebaat-10-000-evra-za-povtorno-da-zastane-na-noze/