Реклама

Казна за фирмата која ја побеле Брегалница

Bregalnica pobelena 2

Колкава ќе биде казната за фирмата од чиј фабрички двор се излеа течноста што пред два дена ја побеле Брегалница ќе се знае откако ќе завршат анализите. Првично се утврди само дека материјата не е токсична и не оставила последици по живиот свет. По хаваријата се следи и квалитетот на водата за пиење, но досега не се забележени промени во ниту еден од параметрите.

Zito akcija 640x289px

Од Министерството за животна средина сметаат дека случајот во Штип и Маслодајна во Велес покажуваат дека е потребно вмрежување на општинските и локални инспектори за да бидат поефикасни на терен.

Agria

“Се покажа дека една законска слабост треба брзо да се менува, тоа е дека, една фабрика која што се наоѓа во Технолошко индустриската развојна зона практично по законот досега има потреба да достави елаборат, Б дозвола што се добива исто како еден кафе бар. Мислам дека тие работи треба да се променат, мора сето тоа да се централизира. Изјави Јани Макрадули заменик министер за екологија.

Иако веќе е изречена една мандатна казна, но вкупната висина ќе се знае кога ќе заврши постапката. Казната може да се движи од 3000 до 100.000 евра.

Инспекторите утврдија дека Брегалница побеле откако  пукнало црево од цистерна на фирма транспортер од Србија што доставува хемикалии за производниот процес на Техникал текстајл сместена во ТИР зоната во Штип.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/7260/dvajcza-veleshani-deneska-pozitivni-na-koronavirus/