Реклама

Нови 163 заразени и тројца починати од коронавирус

Infektivna klinika Skopje naslovna

Нови 163 заразени со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа. Најмногу случаи има во Скопје, вкупно 70, а поголем број заразени има и во Тетово – 25. Штип денеска брои 14 инфицирани, а двоцифрен број позитивни тестови има и во Гостивар – 11.

Zito akcija 640x289px

Во Дебар има шест нови случаи, во Струга, Свети Николе и Ресен има четири заразени, во Кавадарци и Кочани по три, во Велес, Куманово, Прилеп и Крива Паланка по двајца и еден инфицирам е регистриран во Струмица.

Agria

Во последното деноноќие починаа три пациенти, 42-годишен ресенчанец, хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје, еден на возраст од 71 година, хоспитализиран на 15 јуни и пациентка на возраст од 83 години, хоспитализирана на 23 јуни.

Во последните 24 часа се направени 1074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758, бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/7260/dvajcza-veleshani-deneska-pozitivni-na-koronavirus/